Friday, December 1, 2023

KATERINA ALEKSOVA NAUMOVA

 



A Spark Of Hope

 

In the shadowing embrace of the old, heavy, yellow linden

the old bench still stands, the symbol of pain, surrender and victory.

I sat down and breath the fresh lindens floral air with my every atom

while tears roll down my face looking back mourning my horrible past while a linger between life and death

with the feeling that I am not mature enough to taste the seeds from the ground,

ground which I am not ready to hug yet.

The spring sun started knitting a story while the fresh air started spreading

that smell became my oasis of healing and living again.

The tape re-winded back on the day when

an evil news slapped my face throwing me back on the old bench,

my faithful friend scraped and washed from all the rain.

My whole life passed through my mind like an old movie

with questions that lead us to the pier of the sad ship,

sunk in the mud of self-pity.

A quiet step was echoing on the trace towards the old linden

he came and his body approached and sat next to mine,

he held me in a warm embrace and said:

“You have to live. You have to fight for you and form!”

breaking my mind successfully.

I kissed his warm palm which was on mine

his warmth and love just poured into my coldness

with huge promise for life.

His unreserved love just chained me never allowing me to sink

In the loneliness of my pain.

 

Искра надеж

 

Во прегратката на сенката на старата,натежната,жолта липа,

сеуште стои старата  клупа,симбол на болка,откажување и победа.

Седнав и со секој атом говдишувам свежиот мирис на цветната липа,

додека солзите неуморно се тркалаат по лицето вперени во ужасот на минатото,

во траурот кога лебдам меѓу животот и смртта,

со чувство дека сеуште нема зрелост во мене

да го вкусам горчливото сема на ровката земја,

земјата која шири прегратка за која сеуште не сум спремна.

Пролетното сонце почна да плете своја сказна додека свежиот здив на липата се шири.

Перипетија и тој мирис стана оаза на моето оздравување и повторен живот!

Лентата се врати на денот кога злокобно една вест ми удри шлаканица

фрлајќи ме  на старата клупа,моја верна другарка,излупена и измиена од многу дождови.

Целиот живот низ умот ми помина низ еден миг како некој стар филм,

Со прашања кои водат до пристаништето на тажниот брод,

Заринкан длабоко во тињата на застоеното самосожалување.

Тивокк чекор одѕвонуваше по патеката кон старата липа.

Дојде и со неговото тело се приближи и се спушти до моето

Ме зеде во својата топла прегратка и рече:

„Мораш да живееш!Мора да се бориш и за себе и за  мене!

Мораш ,без тебе ќе бидам само празно тело без својата душа!“

Кршење на умот со резултат-неговата топла дланка во мојата која нежно ја бакнав,

неговата топлина и љубов се прелеа во моето студенило со големо ветување за животот.

Неговата безрезервна љубов како оков ме стегна

И ниту во еден момент не дозволува да тонам во осаменоста на болката!

                  

In The Name Of Truth

 

Don’t tell me fairytales and stories

neither am I a princess nor are you

the prince on the white horse.

We are just two beings with passionate look,

with the trembling of a burning soul and blood boiling with desire.

I don’t want to hear those old tales

not the promises that will never be fulfilled.

I just want to know the truth,

the truth about this moment that we are merging into,

the truth about the present, not the lies about the future.

When I look through your eyes

I want to see the truth about what we are

not the illusion of what might happen,

and your lips should not taste like juice of lies

but tremble under the raid of truth.

May our hearts beat fast in the same rhythm

and the pulse of passion marks the core of my body

that tremble under the warm breeze

While the nightingale sings the symphony of love and reality

translating in our longing spread through the dust of the stars.

and then I will believe you

and I will give myself to you

in the name of truth!

 

Во име на вистината

 

Не ми раскажувај волшебни бајки и сказни,

ниту јас сум принцеза ниту ти принц на бел коњ,

ние сме само обични битија со страстен поглед,

со трепет во разгорена душа и зовриена крв од копнеж!

Не сакам да слушам излитени фрази

ниту ветувања кои исполнети нема да бидат!

Сакам само за вистината да знам,

вистината за моментот во кој патуваме ,

вистина за сегашноста,а не лаги за иднината!

Кога мојот поглед ќе продре низ очите твои,

сакам да ја гледам вистината за она што сме,

а не илузија за нешто што боже ќе се случи,

а усните твои нека немаат сок на лага,

нека треперат под налетот на вистината!

Нека срцата забрзано ни бијат со ист ритам,

а пулсот на страста нека го маркира стеблото на телото мое

кое трепери под налетот на млакиот ветрец

додека славејот ја свири симфонијата на љубовта и реалноста

преточена во нашиот копнеж посеан низ правот на ѕвездите.

Е,тогаш јас ќе ти поверувам

и ќе ти се предадам во име на вистината!

 

Dusk Dance

 

At dusk there was a picture

of young lady dancing.

Miraculous, barefoot nymph.

She was dressed in a dress of muslin

that was hanging down her young body and waving

clearly drawing the contоur of a young beauty.

With an improvised game, full of lush emotions

With shiny skin that shines bright under the light of the partial moon.

Her movements are like a serpent, 

erotic, sensual and powerful

merged with the dance of hands.

Her eyes shine the dusk

her large, bright eye that looks like a deep basin

that slowly lights the sky

full with insatiable passion

that burns like a fire through her.

He, with a thoughtful look,

pointed towards her stripped body

soul with the eloquent style

carried away in her jealousy game

filled with signs of love

and a primitive call

towards the man she loves

tirelessly, following, looking just one thing

to fulfill her need

a girl with contradictories

painted in the hot dusk!

 

Танц на самракот

 

Во самракот се гледаше слика

каде млада девојка танцува.

Волшебна,босонога нимфа е!

Облека и и фустан од муслин,

кој лабаво виси и се вее

по нејзиното младешко тело

и јасно отцрува контура

на таа младешка убавина.

Со игра импровизирана,

преполна со бујни емоции 

со сјајна кожа силно светната,

под сјај на делумна Месечина.

Движењата и се змиулести,

Еротски,сензуални и моќни

споени со танцот на рацете.

Очите и сјајат на самракот.

Нејзините крупни,светли очи

што личат на длабоки басени,

полека ги крева кон небото

полни со ненаситната страст

што како оган гори во неа.

Пред неа,тој со замислен поглед

вперен во соголеното тело

и душата со елоквентен стил,

занесен од ревносната игра,

исполнета со знаци на љубов

и примитивен повик кон човек

кој неуморно го сака,следи

барајќи од него само едно

да и ја исполни потребата!

Девојка со конрадикторности,

отсликана во врелиот самрак!

 

KATERINA ALEKSOVA NAUMOVA

 

KATERINA ALEKSOVA NAUMOVA from Stip, North Macedonia. Teaching macedonian language in primary school.

 


No comments :

Post a Comment